Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака

Рускиот претседател Владимир Путин изрази увереност во победа во Украина во својата новогодишна порака, по речиси четири години исцрпувачка војна.
– Им ја честитам Новата година на нашите борци и команданти! Веруваме во нив и во нашата победа, рече Путин, според текстот на снименото видеообраќање објавено во средата од страна на државните медиуми.
Пораката првпат беше емитувана на далечниот источен полуостров Камчатка, каде што 2026 година почна во 12:00 часот по Гринич.
Војниците, кои Украина ги обвинува за воени злосторства, Путин уште еднаш ги нарече „херои“.
– Милиони луѓе ширум Русија, ве уверувам, се со нив оваа новогодишна ноќ. Тие мислат на нив, сочувствуваат со нив и се надеваат на нив. Обединети сме во нашата искрена, несебична и лојална љубов кон Русија, рече Путин.
Во пораката не се спомнуваат преговори со Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната ниту надеж за мир, пренесе ДПА.
Земјата, „големата Русија“, ќе ги постигне своите цели, рече Путин.
Неговата новогодишна порака се емитува на полноќ во секој регион поради различните временски зони во земјата.
Последни во 2026 година влегуваат луѓето во Калининград на Балтичкото Море во 22:00 часот по Гринич. Празнично украсениот главен град Москва слави во 21:00 часот по Гринич.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
