Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот
Американскиот претседател Доналд Трамп со својот лик многу брзо ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете на својот господар и нежно ќе мавтаат со опашката, изјави рускиот претседател Владимир Путин за телевизијата „Русија 24“.
-Сега има некаква мешаница меѓу европските политички елити и новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Дали нешто се промени од времето на Бајден? Ништо не се промени.
Тие беа среќни што ги извршуваа сите наредби на Вашингтон под Бајден, рече Путин.
Како што истакна, на „европските елити“ повеќе им се допаѓа Џозеф Бајден, додека „Доналд Трамп има различни идеи за тоа што е добро, а што лошо, вклучително и за прашањето за полот“.
-Ве уверувам: Трамп, со својот карактер, со својата упорност, ќе го врати редот таму доста брзо.
И сите, ќе видите, ќе се случи брзо, наскоро, сите ќе застанат пред нозете на својот господар и полека ќе мавнат со опашката. Сè ќе си дојде „на свое место“, нагласи Путин.
Рускиот претседател го нарече срамно тоа што Русија не била поканета на комеморативните настани по повод годишнината од ослободувањето на Аушвиц, пренесува Спутник.
Тој изрази изненадување поради „фактот што поканата ја добиле оние кои го сметаат нацистот Степан Бандера за херој“.
Ново на Сител
-
Поради голема бучава одзедемени „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред казино на Бит Пазар
-
Маж од штипско со остар предмет ги нападнал својата сопруга и нејзините мајка, татко и брат
-
Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица
-
Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд
-
Сообраќајка на магистралниот пат Гостивар - Кичево, учествувале еден мотоцикл и три автомобили
-
Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите
-
Отстранети 74 непрописно паркирани возила во Центар за седум дена