-->
-->
Отстранети 74 непрописно паркирани возила во Центар за седум дена
-->

ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) соопшти дека во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје од 28 јули до 2 август 2025 со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, информира ПОЦ.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пленковиќ: Европа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината безбедност е загрозена
-

По Лондон, Зеленски патува во Брисел и Рим на разговори за американскиот мировен план за војната во Украина
-

Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко | ВИДЕО
-

Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија
-

Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Пресека
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
