Путин со пет услови за завршување на војната во Украина
Претседателот на Русија, Владимир Путин за завршување на војната во Украина бара писмени гаранции од поголемите европски држави дека ќе бидат исполнети неговите пет услови, објави „Киев индепендент“, повикувајќи се на Ројтерс.
Тројца руски неименувани извори тврдат дека условите на Путин се:
– Ветување дека НАТО нема да се шири на исток;
– Украина да биде неутрална држава;
– Укинување на дел од западните санкции;
– Решавање на прашањето за замрзнатите руски имоти;
– Заштита на луѓето кои зборуваат руски јазик во Украина.
Условот НАТО да не се шири кон исток значи Украина, Грузија, Молдавија и другите поранешни република на Советски Сојуз да не бидат членки на Алијансата.
Еден од неименуваните извори посочи дека Кремљ верува оти Русија може да ја продолжи војната со години без огледа на санкциите и економскиот притисок на Западот.
Според вториот неименуван извор Путин се помалку е подготвен на компромис за територијалните прашања односно останува на ставот дека Русија има право на четири региони во источна Украина.
Ниту Кремљ, ниту Киев се уште не ги коментитрале условите на Путин.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта