Путин: Сеп Блатер заслужува Нобелова награда за својата работа
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека претседател на ФИФА во заминување, Сеп Блатер, заслужува Нобелова награда за својата работа за светскиот фудбал.
Во интервју за швајцарската телевизија, Путин изјави дека „луѓето како Блатер или како раководителите на големите меѓународни спортски федерации или Олиписките игри, заслужуваат специјални признанија“.
- Ако некој заслужува Нобелова награда, тоа се овие луѓе, нагласи рускиот претседател во интервјуто.
На 2 јуни годинава. Блатер соопшти дека се повлекува од функцијата претседател на ФИФА, само по четири дена откако по петти пат, едно по друго, беше избран на таа позиција.
Неговиот последен избор беше целосно засенет со апсењето на седумина поранешни и сегашни функционери во ФИФА, по налог на американското ФБИ, како дел од истрагата во САД против 14 лица, сите осомничени за земање поткуп.
Во исто време, правосудните власти во Швајцарија покренаа своја истрага околу изборот на Русија и на Катар за домаќини на светските првенства во фудбал во 2018 и во 2022 година.
Истрагата ја потикнуваат некои западни земји, а пред се Велика Британија и САД, но ФИФА веќе сопшти дека изборот на домаќини на следните две првенства е конечен, а во неделата во Санкт Петербург беше извршена и жребката на квалификациските групи за СП во 2018 година.
Блатер (78) ги отфрла сите обвинувања, тврдејќи дека има „чиста совест“ околу корупциските скандали. Тој порачува дека ќе остане на позицијата што ја има изминатите 19 години се до 26 февруари идната година, за кога е закажан вонрениот Конгрес на ФИФА за избор на негов наследник.
Во интервјуто, рускиот претседател го брани Сеп Блатер од обвинувањата во дел од западните медиуми.
- Сите знаеме за ситуацијата што се создаде околу Блатер, но јас не верувам во ниту еден збор дека тој лично, е вклучен во корупцијата во ФИФА, изјави Владимир Путин за швајцарската телевзија.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ