Путин: Руската војска никому не му се заканува

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повторно изрази изненадување заради бурните реакции на западните партнери на воените вежби на руската војска и уште еднаш порача дека Русија никому не му се заканува.
-Нашата војска никому не му се заканува. Тоа сакам уште еднаш да го нагласам за сите да го слушнат, не само вие кои овде седите, рече Путин во разговор со вработени на компанијата „Аутодизел“ во Јарославск.
Како што кажа, руската војска стана модерна и многу ефикасна.
-Неколки пати се зголеми бројот на тренинзи, вежби, вклучувајќи и ненајавени проверки, што од време на време од некоја причина ги загрижуваат нашите партнери, така да ги наречам. Кога тие одржуваат некои вежби ние не се грижиме, но од некоја причина тие веднаш стануваат нервозни, рече шефот на руската држава, пренесуваат руските медиуми.
Путин додаде дека „во Русија денеска продолжува реализацијата на програмата за развој на војската“.
-Војската мора да биде компактна и многу ефикасна и затоа ќе ги продолжиме и структурната реформа и оптимизацијата на бројноста, без некои големи отпуштања, рече Путин.
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
