Путин: Пропадна украинската контраофанзива
Рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата во Санкт Петербур со својот белоруски колега, Алексанадар Лукашено, денеска изјави дека контраофанзивата на Украина „пропаднала“, јави Хина.
„Нема контраофанзива“, рече Лукашенко. , на што Путин одговори: „постои, но не успеа“.
Украина минатиот месец ја почна долгоочекуваната контраофанзива, но досега постигна само мали придобивки против добро вкопаните руски сили, кои по речиси 17 месеци од почетокот на војната контролираат повеќе од една шестина од нејзината територија.
Американскиот генерал Марк Мили, наќалникот на Здружениот Генералштаб американските вооружени сили, неодамна изјави дека украинската контраофанзива е „далеку од пропадната“, но ќе биде „долга, тешка и крвава“, потсети Хина.
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
