Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
Рускиот претседател Владимир Путин денеска прогласи еднострано примирје во Украина од 8 до 10 мај, што се совпаѓа со 80-годишнината од победата над нацистичка Германија, јави ДПА.
„Во овој период, сите непријателства ќе престанат“, се наведува во соопштението на Кремљ, додавајќи дека Путин ја донел одлуката од „хуманитарни причини“.
„Русија верува дека украинската страна треба да го следи овој пример“, се наведува во соопштението.
Киев сè уште не одговорил на повикот, додава ДПА.
Потегот на рускиот претседател доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп, кој најавуваше и бараше брз крај на тригодишната војна, се повеќе се фрустрира од постапките на Путин во војната.
Трамп, пишувајќи на Truth Social минатата недела, го повика Путин да „ПРЕСТАНЕ!“ откако Москва започна голем ракетен и беспилотен напад врз Киев.
Трамп потоа во саботата се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на погребот за папата Франциск во Рим. На враќање во САД од Рим тој го обвини рускиот лидер дека не сака сериозно да се заврши војната и се запраша дали Путин „само пе тапка“. Од тие причини Трамп ги критикуваше нападите на Путин врз украинските цивили и ѝ се закани на Москва со нови санкции, пренесе германската агенција.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје