Путин прогласи четири украински региони за дел од Русија
Русија прогласи четири украински провинции за дел од Руската Федерација, изјави претседателот Владимир Путин.
Рускиот претседател нагласи дека „луѓето од окупираните региони во Украина се наши граѓани засекогаш“.
Путин им се обрати на граѓаните од регионите Керсон и Запорожје и Доњецка и Луганска република.
„Се одржаа референдуми. Гласовите се пребројаа и народот одлучи, без никакво сомневање. Денеска ќе потпишеме договори за анексија. Прогласена е волјата на милиони луѓе“, рече Путин, додавајќи дека нивното неотуѓиво право е основно историско единство.
„Овие луѓе ја чуваат својата љубов кон Русија со години и тоа никој не може да им го одземе“, рече тој. Владимир Путин повика на едноминутно молчење за оние кои се борат во како што ја нарекува „специјалната воена операција“.
Тој нагласи дека луѓето што живеат на припоените територии сега се дел од Русија.
„Запомнете дека луѓето од Керсон, ДНР, ЛНР и Запорожје стануваат руски државјани засекогаш. Властите во Киев треба да го сфатат овој израз на волја со голема почит“.
„Тоа е единствениот начин за мир и Русија ќе ја заштити својата земја со сите средства што ги има за да обезбеди безбеден живот за нашиот народ. Русија ќе ги обнови урнатите градови и села и ќе ја развие инфраструктурата, здравството и образованието“.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
