-->
-->
Путин пристигна во Абу Даби
-->
![]()
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Абу Даби каде ќе разговара со лидерите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера информира дека на дневен ред на разговорите е договорот за нафта и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).
ОПЕК е составен од 23 земји извознички на нафта. Групата редовно се состанува за да одлучи колку сурова нафта ќе продаде на светскиот пазар.
Минатата недела, ОПЕК + се согласи на доброволно намалување на понудата во вкупна вредност од околу 2,2 милиони барели дневно.
Намалувањата генерално се прават за да се гарантира дека цените ќе останат високи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
