Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека идните преговори за завршување на војната во Украина треба да се фокусираат на безбедносните гаранции за двете земји и широка рамка за европската безбедност.
Во интервју за руската телевизија, еден ден по средбата со специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, Путин потврди дека Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина следниот месец со посредство на САД.
Тој го повтори долгогодишниот став на Кремљ дека Русија не сакала да започне војна, но дека наишла на непријателски реакции од Украина во врска со клучните прашања што ја засегаат Москва.
„Разговорите за различни прашања би можеле да доведат до позитивен исход“, рече Путин, но нагласи дека Русија останува фокусирана на постигнување решение за завршување на конфликтот, а не на краткорочно примирје.
„Целта на тие разговори е да се обезбеди безбедноста на Украина и Русија по постигнувањето на мировните договори, во нивната конечна форма, а не врз основа на привремено примирје за краток период. Ние сме подготвени да ги продолжиме тие контакти за да ја постигнеме таа цел“, рече Путин.
Рускиот претседател рече дека Виткоф, исто така, нагласил дека разговорите мора да се прошират на „целата архитектура на европската безбедност“.
„Се согласувам со тоа. Ќе видиме како ќе се развиваат работите во наредните денови“, додаде тој.
Зборувајќи за можни разговори за територијални прашања на истокот од Украина, Путин потврди дека мора да се земе предвид фактот дека областа, според него, е „историски руска земја“.
Тој додаде дека жителите на таа област гласале за приклучување кон Русија на референдумите одржани седум месеци по почетокот на руската инвазија.
„Мојот став по тоа прашање е дека тоа не е нивна територија. Тоа е територија на историска Русија“, рече Путин.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
