Путин предупредува на втор бран на корона вирус

Рускиот претседател Владимир Путин им порача на раководителите во Министерството за здравје, дека земјата мора да се подготви за втор бран на коронавирусот, кој би можел да се случи во октомври или ноември годинава.
Путин ја поддржал иницијативата да се почне со подготовки за повторно отворање на здравствените установи, кога пандемијата ќе заврши, пренесува TASS. Теоретичарите на заговор, сметаат дека рускиот лидер има некакви информации, кои му се познати само на него и луѓето блиски до него, што се однесува до коронавирусот.
„Би сакал да го свртам вниманието на нашите колеги, пред се, на министерот за здравје Михаил Мурашки, на потребата да се подготвиме за ублажување на рестрикциите под кои живееме. Мораме да размислуваме за вториот бран, кој би можел, според наводите на експертите, да настапи на есен“, изјавил Путин.
Путин оценил дека ситуацијата во врска со ширењето на коронавирусот во Русија, генерално е стабилизирана. Тој додал дека и Москва, која прва се соочила со пандемијата, како и во другите руски региони, бројот на пријавени случаи на дневно ниво, постепено се намалување.
Но, како што Путин нагласил, досега, оваа динамика не е брза како што било планирано, понекогаш дури е и нестабилна, но и понатаму е присутна. Како пимер, Путин го навел примерот од пред недела дена, кога стапката на пораст на бројот на случаи во Русија изнесувала 5,9%, а денес 3,5%.
„Во меѓувреме, од клучна важност е да таквиот пад дојде за време на константното повлекување на количината на тестови, што овозможува да се откри болеста во раната фаза“, изјавил Путин.
Тој нагласил дека изминатите две недели, бројот на објавени тестови пораснал за речиси три милиони, односно на дневно ниво се тестират речиси 240.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
