Путин пред Си Џинпинг ги осуди обидите на Западот да креира униполарен свет
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средбата со кинескиот колега Си Џинпинг во Самарканд ги осуди обидите на Западот да создаде „униполарен свет” и ја поздрави „балансираната позиција” на Пекинг по однос кризата во Украина.
„Обидите да се создаде униполарен свет неодамна добија крајно грда форма и се целосно неприфатливи“, му рекол Путин на Си. „Многу ја цениме избалансираната позиција на нашите кинески пријатели по однос украинската криза“, додал рускиот претседател на првата средба со својот кинески колега од почетокот на војната на 24 февруари. Си Џинпинг го уверил Путин дека Кина сака да ја преземе својата улога на „светска сила“, заедно со Русија.
„Кина има намера да работи со Русија за да ја преземе одговорноста како светска сила, да игра водечка улога и да донесе стабилност и позитивна енергија во светот, што се наоѓа во хаос“, изјави Си. Путин и Си се во Самарканд за да присуствуваат на Самитот на Шангајската организација за соработка, безбедносна структура што се смета за алтернатива на сојузите во кои доминира Западот.
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори