-->
-->
Путин потпиша нов декрет: Се формира специјален фонд за поддршка на руските војници во Украина
-->
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша указ за формирање специјален фонд за поддршка на руските војници кои се борат во Украина и нивните семејства. Указот за поддршка на „Бранителите на татковината“ е објавен на официјалната веб-страница на Владата.
Мерките се „со цел да се обезбеди пристоен живот“ за војниците вклучени во офанзивата во Украина, како и за нивните партнери и деца, се наведува во декретот.
Одлуката за формирање на специјален фонд за поддршка на руските војници е донесена од Парламентот на 21 февруари.
–Наша должност е да ги поддржиме семејствата кои ги загубија своите најблиски и да им помогнеме да ги подигнат своите деца и да им дадеме образование и работа“, рече тогаш Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ воведува нов систем на гранциите - ќе важи и за македонските граѓани
-
Уставен ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик
-
Мирот во Украина изгледа подалеку по телефонскиот разговор на Трамп со Путин
-
Привремено деблокиран судот во Нови Сад
-
Јамал добива нов договор и бројот 10
-
Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава
-
Запален автомобил на политичар во Битола, огнот зафатил уште две возила | ФОТО
-
Русија ослободи нафтен танкер откако го задржа во Балтичкото Море