ЕУ воведува нов систем на гранциите - ќе важи и за македонските граѓани

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на Електронски системот за влез/излез (ЕЕС). Овој систем, кој ќе го замени досегашното рачно печатирање во пасошите, ќе се применува и за македонските граѓани при преминување на границите на ЕУ.
Постигнатиот договор сега треба формално да биде потврден од двете институции, по што Европската комисија ќе донесе посебна одлука за почеток на постепеното воведување на ЕЕС. Преодниот период ќе трае шест месеци.
ЕЕС е заеднички електронски систем што ќе евидентира и складира информации за датумот, времето и местото на влез и излез на државјани кои не се членки на ЕУ што ги преминуваат надворешните граници на Унијата, со што дефинитивно ќе се напушти печатирањето во пасошите.
Системот автоматски ќе го пресметува времетраењето на овластениот престој на државјани на трети земји и ќе издава предупредувања до земјите-членки на ЕУ кога ќе истече овластениот престој. ЕЕС требаше да почне да се применува во ноември минатата година, но беше одложен бидејќи сите земји од ЕУ не беа подготвени за имплементација. Затоа, ЕК предложи постепено воведување на системот.

Претседателот на австриската покраина Тирол, Гинтер Платер, на прес-конференција остро реагираше на засилените гранични контроли што ги спрoведува Германија.
ЕЕС ќе се применува за лица на кои им е потребна виза за краток престој и за оние кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ, а кои се ослободени од обврската за виза.
Системот за управување со патничко осигурување ќе се применува за лица на кои им е потребна виза за краток престој и за оние кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ, а кои се ослободени од обврската за виза.
Во првите два месеца, земјите-членки би можеле да го применуваат системот без употреба на биометриски податоци, а по три месеци ќе се вклучат и биометриските податоци на најмалку 50% од граничните премини. Целосната имплементација на системот, т.е. регистрирање на сите патници кои влегуваат во ЕУ, треба да се случи до крајот на преодниот период. Во текот на преодниот период, ќе продолжи ставањето печати на пасошите.
ЕЕС ќе се применува за лица на кои им е потребна виза за краток престој и за оние кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ, а кои се ослободени од обврската за виза.
Според овој нов систем, граничните службеници ќе ги скенираат отпечатоците од прсти на лицата кои ја преминуваат границата за прв пат или ќе ги фотографираат. Овие информации ќе се чуваат во дигитална датотека, што ќе овозможи точно да се знае кој влегува во Шенген-зоната со странски пасош и кој останува подолго од дозволените 90 дена.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
