Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемијата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е тешко да се предвидат последиците од конфликтите на Блискиот Исток, но дека нивното потенцијално влијание веќе се споредува со последиците од пандемијата на ковид-19.
Според него, конфликтот предизвикува значителна штета на меѓународната логистика, производството и синџирите на снабдување, а во исто време ги става под силен притисок компаниите во секторите за јаглеводороди, метали и ѓубрива
„Сè уште е тешко точно да се предвидат последиците од конфликтот на Блискиот Исток“, рече Путин во обраќањето пред бизнис-лидерите во Москва. „Ми се чини дека дури и оние вклучени во конфликтот не може ништо да предвидат, а за нас е уште потешко“.
„Сепак, веќе постојат процени што ги споредуваат со епидемијата на коронавирусот“, додаде Путин. „Ќе ве потсетам дека тоа драматично го забави развојот на сите региони и континенти, без исклучок“.
МИА
Ново на Сител
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Руте: Продолжува испораката на ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина
-

АХВ одбележува 15 години постоење
-

Комисиска расправа за предлог законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност
-

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран
-

Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција
-

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
-

Кувајт протера ирански дипломати по смртоносните напади
