-->
-->
Путин откри шокантни детали: Наредив да се собори патнички авион пред Олимписките игри
-->
Рускиот претседател Владимир Путин во двочасовниот документарен филм емитуван вчера изјави дека во 2014 година наредил уривање авион на компанијата Пегасус ерлајнс, пренесуваат агенциите.Путин во документарецот изјави дека добил дојава од безбедносните служби за киднапирање патнички авион од Украина кон Турција спроти отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.
Во авионот имало 110 луѓе, а пилотите пријавиле дека еден од патниците има бомба и планира да нападне на церемонијата на отворањето на Олимписките игри. Путин во филмот вели дека безбедносните службеници му кажале дека во такви ситуации се соборува авионот, на што тој одговорил: „Постапете според планот“.
Многу брзо било откриено дека станува збор за лажна тревога и летот продолжил без понатамошни инциденти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-

Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-

Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-

На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-

Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
