-->
-->
Путин: Односите со Црна Гора не соодветствуваат со долгата традиција на пријателство
-->
Односите со Црна Гора не се во согласност со долгогодишната традиција на пријателство меѓу двата народа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
На церемонија во Кремљ, на која новите амбасадори во Москва ги предадоа своите акредитивни писма, Путин на црногорскиот амбасадор му рекол дека „сегашната состојба на работите во односите Русија - Црна Гора не одговара на вековните традиции на братска дружба и духовна блискост меѓу двата народи“.
- Русија го поддржува развојот на односите со Црна Гора врз основа која е од полза за двете земји, рече рускиот претседател.
Светските медиуми потсетуваат дека Москва изрази незадоволство од влезот на Црна Гора во НАТО минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното