Путин: Нема сила што е способна да ја пороби Русија

Нема сила што е способна да ја пороби Русија, истакна рускиот претседател Владимир Путин при говорот на Црвениот плоштад во Москва, каде се одржа Парада на победата.
- Нема, немало и нема да има сила што може да го покори нашиот народ, увери Путин.
- За време на Втората светска војна „нацистите го нападнаа Советскиот Сојуз сo најмоќни удари“, но народот направи нешто што изгледаше невозможно на прв поглед - го сврте „крвавото тркало“ на Втората светска војна и го покори нацизмот, стави крај на неговите злосторства, нагласи рускиот претседател.
- Вооружените сили на Русија „можат да се одбранат од секоја потенцијална агресија“, но за ефективна борба со тероризмот, екстремизмот, неонацизмот и другите закани неопходно е да се консолидира целата меѓународна заедица, објасни Путин.
Рускиот претседател со цел да им оддаде почит на загинатите во војната положи венец на Споменикот на незнајниот јунак во Александровската градина.
Во парадата учествуваат речиси 10.000 лица, 114 единици со копнена борбена техника, 72 хеликоптери и авиони.
Првпат на парадата се вклучени и единици на општоруското воено-патриотско движење „Јунармија“, девојки-курсисти на Воената придружна академија „Буџони“ и Воено-вселенската академија „Можајски“, како и маринци од Северната флота.
Арктичката техника, која годинава првпат е вклучена во парадата, е претставена од ракетните комплекси „Тор-М2ДТ“ и „Панцир-СА“.
Ново на Сител
-

Почина Милена, жената од Неготино која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“ на „Нови фосили“
-

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар
-

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари
-

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно
-

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата
-

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
