Путин наскоро во посета на Тајланд
Тајландскиот премиер, генералот Прајут Кан-ока денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе престојува во официјална посета на Бангкок.
Ова, според аналитичарите, ќе биде значаен политички чекор за сегашните власти што управуваат со државата по воениот удар од мај 2014 година. По воениот удар САД, ЕУ и Австралија прогласија замрзнување на политичката, економската и воена соработка со Тајланд, а Москва и Пекинг воениот удар го сметаат за внатршна работа на Тајланд.
Локалните медиуми во Тајланд во веста за доаѓањето на Путин нагласуваат дека Тајланд и Русија имаат дипломатски односи 120 години и дека поврзаноста и блискоста на Тајланд со западниот свет не била пречка за пријателски односи меѓу двете држави.
Кон крајот на минатата година во Бангкок во официјална посета претстојуваше рускиот премиер Медведев. При неговата посета беше најавено значајно зголемување на економската и воената соработка меѓу Русија и Тајланд.
Ново на Сител
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
-
Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец
-
Обезбеден грант од 2,4 милиони евра за изградба на железнички премин помеѓу Македонија и Србија
-
Дали трудовите инспектори работат на црно - СДСМ обвинува, Дурмиши негира
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец