Путин нареди летовите од Русија до Египет да бидат запрени до разјаснување на причините за несреќата
Рускиот претседател Владимир Путин нареди денеска сите патнички летови од земјата до Египет да бидат запрени, додека не бидат разјаснети причините за авионската несреќа на Синајскиот полуостров, изјави прес-секретарот на Путин, Дмитриј Песков.
Рускиот претседател ја издаде наредбата по советот од директорот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников.
Путин исто така нареди на Владата да разработи механизам за исполнување на препораките на Националниот антитерористички комитет и за враќање на руските државјани од Египет во Русија. Тој уште побара да почнат разговори со египетските власти за гарантирање на безбедноста на летовите.
На одмор во Египет во моментов се наоѓаат околу 45.000 Руси, изјави денеска шефот на руската Федерална агенција за туризам Олег Сафонов.
Околу 40 отсто од нив се наоѓаат во реонот на Шарм ел Шеик, а останатите во Хургада.
Официјални извори од повеќе држави изјавија дека во рускиот авион веројатно била поставена бомба.
Ново на Сител
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина