Путин: На пилотот од соборениот авион ќе му биде доделен орден „Херој на Руската Федерација“
На пилотот кој загина во соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 на територијата на Сирија, постхумно ќе му биде доделен орден „Херој на Руската Федерација“, соопшти денеска рускиот претседател Владимир Путин.
- На командантот на авионот постхумно ќе му биде доделена „Ѕвезда Херој на Руската Федерација“, изјави Путин.
Другиот пилот, навигателот на леталото, кој е спасен и се наоѓа во руската воздухопловна база во Сирија, исто така ќе биде одликуван, наведе Путин.
Тој, како и останатите учесници во спасувачката операција ќе примат државно одликување. Министерството за одбрана веќе даде предлози, рече рускиот претседател.
„Херој на Руската Федерација“ е највисоко почесно одликување во Русија, установено во 1992 година, а се доделува за посебни заслуги, лични или колективни подвизи во служба на државата.
Златната ѕвезда е симбол на „Херој на Руската Федерација“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Митко Трајчулески, пратеник од СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје