Путин му го честиташе на Си реизборот за генерален секретар на кинеската Комунистичка партија

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Си Џинпинг за неговиот реизбор за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), истакнувајќи го неговиот висок политички авторитет и кохезијата на партијата што ја предводи.
- Почитуван господине Си Џинпинг, ве молам примете ги моите најтопли честитки за вашиот реизбор за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина. Резултатите од 20-от јубилеен Конгрес на КПК целосно го потврдија и вашиот висок политички авторитет, како и единството на партијата, која вие ја водите, се вели во писмото на Путин до Си.
Рускиот претседател изрази уверување дека одлуките на конгресот ќе придонесат за успешно спроведување на големите социо-економски задачи на Кина, како и за зајакнување на позицијата на земјата на меѓународната сцена. – Со нетрпение очекувам да го продолжиме нашиот конструктивен дијалог и тесно да соработуваме за да развиеме сеопфатно партнерство и стратешка интеракција меѓу нашите земји.
Искрено ви посакувам, драг пријателе, нови успеси во вашата одговорна работа, добро здравје и благосостојба, нагласи Путин. Централниот комитет на КПК денеска го реизбра Си Џинпинг за генерален секретар за трет петгодишен мандат.
Ново на Сител
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

СДСМ: Да се прошири истрагата
-

Донатори од Србија донираа витражи за гробот на Тоше
-

Младите да се доближат до верата
-

Окупната цена на арпата во слободен пад
-

Преглед на вестите од светот
-

Трипуновски за Сител: 50 договори се стопирани по скандалот со директорот на Платежната агенција
-

Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
