Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека меѓународната ситуација се влошува и оти светот станува сè поопасен.
Путин сè уште јавно не се изјаснил за американската интервенција во Венецуела и соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, протестите во Иран или заканите на американскиот претседател Доналд Трамп кон Гренланд.
– Ситуацијата на меѓународната сцена се влошува сè повеќе, мислам дека никој тоа не би го оспорил, долгогодишните конфликти се интензивираат, а се појавуваат нови сериозни жаришта, рече Путин.
Во говорот пред новите амбасадори кои му предадоа акредитиви во Кремљ, што беше неговиот прв јавен говор за надворешнополитички прашања оваа година, Путин не ги спомна експлицитно Соединетите Американски Држави или Трамп.
– Слушаме монолог од оние кои, според правото на посилниот, сметаат дека е дозволено да ја диктираат својата волја, да им држат предавања на другите и да издаваат наредби, рече Путин.
– Русија е искрено посветена на идеалите на мултиполарен свет, порача тој.
Путин повика на дискусија за руските предлози за нова безбедносна архитектура во Европа.
– Се надеваме дека признавањето на оваа потреба ќе дојде порано или подоцна. До тогаш Русија ќе продолжи доследно да ги следи своите цели, изјави тој.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
