Путин: Љубљана е добро место за состанок со Трамп, но за тоа не одлучува само Москва
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека нема ништо против Љубљана да биде можно место за состанок со неговиот американски колега Доналд Трамп, но истакна дека за тоа не одлучува само Москва.
- Што се однесува на Љубљана и Словенија воопшто, тоа е прекрасно место за таков дијалог, но тоа не зависи само од нас, зависи од повеќе фактори, нагласи Путин по разговорот со претседателот на Словенија Борут Пахар, јави ТАСС.
Путин потенцира дека доколку таков состанок биде закажан, нема ништо против Љубљана.
- Веќе имавме такви состаноци во Љубљана, наведе Путин, очигледно мислејќи на неговиот состанок со претходникот на Трамп, Барак Обама.
Путин посочи дека „однапред сака да и се заблагодари“ на Словенија за подготвеноста да организира таков состанок.
Москва чека администрацијата на Трамп да се подготви за дијалог, наведе Путин, додавајќи дека Москва и Вашингтон можат заедно да се борат против заканите од тероризмот.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството