Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки и мир

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Киев не покажал подготвеност за територијални отстапки и мир.
„Русија засега не гледа подготвеност на Киев да разгледува територијални прашања. Киев одбива мирно да го заврши конфликтот. Русија е подготвена и сака конфликтот во Украина да заврши мирно“, рече Путин на почетокот на својата годишна прес-конференција, каде што му поставуваат прашања новинари и граѓани.
Тој потсети дека во 2022 година, кога сè достигна „пресвртна точка“, кога „киевскиот режим започна војна во Донбас“, Русија нагласи дека ќе биде принудена да ги признае ЛНР и ДНР, објави Спутник.
„Сè започна со државен удар во Украина“, рече Путин, одговарајќи на прашањето за тоа како ќе се постигнат целите – преку војна или мир.
Тој рече дека украинските власти тогаш одбиле да ги повлечат своите трупи и да ги спроведат договорите од Истанбул, а сега одбиваат мирно да го решат конфликтот.
„Сепак, Москва гледа одредени сигнали дека Киев е подготвен да се вклучи во дијалог“, нагласи рускиот претседател. Кога станува збор за ситуацијата на фронтот, Путин рече дека повеќе од половина од украинските населби се под контрола на руски војници.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека за двете недели откако е отворена линијата, собрани се речиси три милиони прашања за Путин и дека околу 600 новинари директно ја следат конференцијата.
Од 2001 година, одржани се 18 одделни директни линии и 16 прес-конференции, ова е 22-ри пат да се одржи годишната конференција на Путин.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
