Путин ја одликуваше воената единица од Буча
Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската воена единица стационирана во Буча, која меѓународни организации ја обвинуваат за воени злосторства, со оглед на тоа дека по нивното повлекување беа пронајдени телата на најмалку 400 луѓе.
Градоначалникот на украинскиот град Буча во близина на Киев минатата недела изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа, но тој број во меѓувреме се зголемил.
Москва, која негира дека цели на цивили од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, ги нарече обвинувањата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча за време на окупацијата на градот како „монструозен фалсификат” со цел да се оцрни руската војска.
Ново на Сител
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор