Путин изразил сочувство и му се извинил на Алиев за падот на азербејџанскиот авион кај Актау
Владимир Путин телефонски разговарал со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев при што му изразил сочувство и му се извинил за падот на азербејџанскиот авион кај Актау, соопшти Кремљ.
-Детално беа разгледани прашањата поврзани со падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс на 25 декември во близина на градот Актау во Казахстан- се вели во соопштението на прес-службата.
Телефонскиот разговор меѓу лидерите на Русија и Азербејџан се одржа на иницијатива на руската страна.
-Владимир Путин се извини за трагичниот инцидент што се случи во рускиот воздушен простор и уште еднаш изрази длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите и им посака брзо закрепнување на повредените, соопшти Кремљ.
Прес-службата соопшти дека припадници од Истражниот комитет и од Канцеларијата на јавниот обвинител на Руската Федерација работат со нивните колеги од Азербејџан на истрагата за авионската несреќа кај Актау, двајца од азербејџанска страна се во Грозни.
Во разговорот меѓу Путин и Илхам Алиев е забележано дека азербејџанскиот авион се обидел да слета во Грозни за време на украински напад со дронови на кој одвратила руската ПВО.
-Во разговорот е забележано дека азербејџанскиот патнички авион, што извршувал јасно планиран лет, повеќепати се обидувал да слета на аеродромот во Грозни. Во исто време, Грозни, Моздок и Владикавказ беа нападнати од украински борбени беспилотни летала, а руската противвоздушна одбрана ги одби тие напади- се вели во соопштението на Кремљ.
Прес-службата на азербејџанскиот претседател соопшти дека за време на разговорот меѓу двајцата лидери, Алиев посочил дека на иницијатива на Баку е формирана меѓународна експертска група за учество во истрагата за причините за авионската несреќа.
Ново на Сител
-
Природни катастрофи кои ја одбележаа 2024 година
-
Тема на денот со Татјана Димитровска, претседател на ДКСК
-
Фирмите за унгарскиот кредит ќе аплицираат од јануари
-
Таравари го оцени македонското здравство со “осмица”
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет