Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област

Претседателот на Русија, Владимир Путин испрати телеграма по повод отворањето, во во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, на Меморијалниот комплекс и музеј на воените подвизи на хероите од задграничната воена операција.
-Во последните фази од Втората светска војна, советските трупи, заедно со корејските патриоти, ја ослободија вашата земја од јапонската колонијална власт, а во 50-тите години помогнаа во одбраната на независноста на Демократска Народна Република Кореја во борбата против странските освојувачи. Додека во наше време, кога дел од територијата на Курската област беше под непријателска окупација, Пјонгјанг, пак, решително и без двоумење, ни притекна на помош, наведе Путин во телеграмата.
Тој додаде дека Русија и Северна Кореја, преку заеднички напори, постојано ќе ги зајакнуваат своите односи во рамките на сеопфатното стратешко партнерство.
Рускиот министер за одбрана Андреј Белошов пристигна во Северна Кореја за отворањето на меморијалниот комплекс. Тој е втор висок руски државен функционер во посета на Пјонгјанг изминатите денови, по претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин.
Украинската армија во 2024 година зазеде неколку области во Курската област, а во нивно ослободување учествуваа припадници на севернокорејската армија.
МИА
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
