Путин им понудил на платениците на „Вагнер“ да и се приклучат на руската војска
Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за рускиот весник „Комерсант“, доцна синоќа, кажа дека на платениците од групата „Вагнер“ им понудил можност да продолжат да служат во редовната руска армија.
Путин кажа дека понудата ја дал на состанокот со борците и нивниот основач Евгениј Пригожин кон крајот на минатиот месец, пет дена откако „Вагнер“ го почна неуспешниот бунт против руската воена хиерархија.
Бунтот заврши со тоа што Москва им понуди можност на борците на Пригожин да се префрлат во соседна Белорусија.
Тој, исто така, кажа дека сега рускиот Парламент и владата треба да разговараат за правната рамка за приватните армии.
„Вагнер не постои“, изјави Путин за весникот. „Не постои закон за приватни воени организации. Тој едноставно не постои“, рече рускиот претседател во интервјуот за „Комерсант“, пренесен од британските медиуми.
Ново на Сител
-
Спајиќ: Блиску сме до решение за воведување седумчасовен работен ден во Црна Гора
-
Анализи во ЕУ: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа
-
Мицкоски: Влашката зедница има значајна улога во градењето на Македонија
-
Даниловски: Мајмунските сипаници не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија
-
Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји
-
Му кажала дека мајка ѝ ѝ забранила да се гледа со него па објавил нејзини експлицитни фотографии
-
Општина Карпош: Диво изграден ноќен најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев
-
Европол разби голема хакерска мрежа