Путин и Ердоган изразија задоволство за постигнатиот договор за Сирија

Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган изразија денеска задоволство за договорот за мирно решавање на ситуацијата во Сирија што е постигнат меѓу сириската Влада и опозицијата.
Двајцата претседатели, чии земји се гаранти на овој договор, порачаа дека имаат намера да ја продолжат соработката во борбата против тероризмот.
Претседателите изразија задоволство за договорот меѓу сириската Влада и опозицијата за прекин на непријателството во Сирија и транзицијата кон политичко решение со посредништво на Русија и Турција, се наведува во соопштението на Службата за односи со јавност на Кремљ.
Путин и Ердоган, исто така повикаа на понатамошно зајакнување на соработката во борбата против тероризмот, но нагласија дека примирјето не се однесува на терористичките организации, пред се на ИД, стои во соопштението.
Турските медиуми јавија дека Турција и Русија усогласиле план за сеопфатно примирје во Сирија, што предвидува прекин на воените дејствија.
Планот треба да важи за сите региони во Сирија каде се водат борби меѓу владините сили и групите на вооружената опозиција, но не и за судирите со „терористичките организации“, како групата Исламска држава.
Претходно, за преговорите за Сирија, што се планирани да се одржат во Астана, при телефонски разговор зборуваа министрите за надворешни работи на Русија и Турција Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу.
Тие се согласија дека е важно да се координира прекинот на огнот во Сирија со Иран и со специјалниот претставник на ОН за Сирија Стафан де Мистура.
Портпаролот на Слободниот сириски сојуз Осам Абу Заид изјави претходно денеска дека сириската опозиција ќе се придржува на договорот за прекин на огнот на ниво на цела Сирија, како и дека ќе учествува во идните преговори.
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
