Свет
23. December 2019 - 14:42

Путин го отвори железничкиот мост помеѓу Русија со Крим

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го пушти во употреба железничкиот мост помеѓу Русија и Крим, кој со должина од 19 километри е најдолг во Европа.

Путин заедно со другите владини претставници беше во првиот воз кој помина по мостот.

Изградбата на железничкиот мост чини 3,6 милијарди долари.