-->
-->
Путин ги повика украинските војници да ја земат власта во свои раце
-->
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го повика воениот персонал на украинските вооружени сили да ја преземат власта во Киев во свои раце.
Тој изјавата ја даде на итниот состанок на рускиот Совет за национална безбедност.
-Уште еднаш апелирам до воениот персонал на вооружените сили на Украина: не дозволувајте неонацистите да ги користат вашите деца, жени и постари лица како жив штит, преземете ја власта во свои раце. Се чини дека ќе ни биде полесно да се помириме со вас отколку со оваа банда на наркомани и неонацисти, кои се населиле во Киев и го зедоа како заложник целиот украински народ, рече рускиот претседател.
Путин кажа и дека руските офицери во Украина „се однесуваат храбро, професионално и херојски”, пренесоа руските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
-

Лековите за Алцхајмерова болест „не прават никаква значајна разлика за пациентите“, според научници
-

Кампања на РСБСП - Безбедно на мотоциклите
