Путин ги обвини „неонацистите во Украина“ за злосторства против цивили
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот, ги обвини „неонацистите во Украина“ дека извршуваат злосторства против цивилите.
-Заборавањето на лекциите од историјата води до повторување на страшни трагедии. Доказ се злосторствата против цивилите, етничкото чистење и казнените акции организирани од неонацистите во Украина – истакна Путин.
Тој додаде дека тоа е „зло“ против кое руските војници „храбро се борат“.
За да ја оправда руската инвазија Путин во неколку наврати го осуди „геноцидот“ извршен врз рускојазичното население во источна Украина, а режимот на Володимир Зеленски го нарече „неонацистички“.
-Секој обид да се преиспита придонесот на нашата земја во Големата победа (во Втората светска војна) всушност се навраќа на оправдување на злосторствата на неонацизмот, го отвора патот за повторното раѓање на нејзината убиствена идеологија – посочи Путин.
Тој, исто така, изрази жалење за „милиони невини жртви – Евреи, претставници на други националности, кои беа убиени, мачени, умрени од глад и болести“ за време на холокаустот.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет