Путин декларираше приходи за 2017. двапати повисоки отколку во претходната година
Рускиот претседател Владимир Путин заработил во 2017 година 18 милиони и 728.268 рубљи според неговата декларација за приходи и имот, објавена на веб-страницата на Кремљ (77 рубљи – 1 евро).
Приходите на претседателот Путин за 2017 година се зголемени за 9,87 милиони рубљи во споредба со претходната година.
Просечните примања се 1,5 милиони рубљи наспроти 730.000 рубљи во 2016 година.
Агенцијата ТАСС наведува дека неговиот годишен приход е зголемен повеќе од пет пати во споредба со 2013 година со укази за плати на претседателот и премиерот.
Нема промена во неговиот имот и возила. Има имот од 1.500 м/кв, стан од 77 м/кв и гаража од 18 м/јв. Тој користи и имот дом од 153,7 м/кв со гаражно место од 18 м/кв. Сите имоти се во Русија.
Путин има два автомобила – Волга и џип Нива.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев во 2017 година имал приходи од 8,56 милиони рубљи, нешто помалку отколку во 2016 година кога заработил 8,59 милиони рубљи.
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение