Пусиќ: Спорот за Превлака може да се реши со договор со Црна Гора
Хрватска и Црна Гора имаат многу добри односи и останатите отворени прашања треба да се решаваат, но без да се дозволи негативно да влијаат на односите на двете земји, изјави хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ.
Пусиќ, зборувајќи конкретно за прашањето за Превлака, истакна дека прашањето за границата е можно да се реши и со директен договор, а доколку тоа не е можно тогаш Меѓународниот суд на прадвата е најдобра адреса за тоа.
Хрватската министерка во интервју за црногорскиот весник „Победа“ изјави дека Загреб веќе на самитот во Велс минатата година сметал дека Црна Гора заслужува повик за членство во НАТО.
- Хрватска ги следи вашите напори за исполнување на критериумите и знаеме дека имате остварено видлив напредок, што ве прави подготвени за полноправно членство, изјави Пусиќ.
Ново на Сител
-
Бекер по петти пат ќе стане татко
-
Монтела останува турски селектор до 2028
-
Аспиликуета го напушти Атлетико Мадрид
-
Последен Вимблдон за Квитова во кариерата
-
Во Пустец почнува јубилејното 20- то издание на фестивалот „Македонско културно лето"
-
24 години од загинувањето на војникот Блашко Толев на Тетовско кале, за време на војната во 2001 година
-
Три автобуси и едно комбе изгореа во пожар во Кочани
-
Трамп ќе го посети „Алигаторскиот Алкатраз“ - центар за притвор на мигранти во Флорида