Пуштено во употреба јавното осветлување на магистралниот пат низ Кичево

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари синоќа го пушти во употреба јавното осветлување на магистралниот пат што минува низ Кичево, а ги поврзува Скопје и Охрид.
- Го пуштаме во употреба јавното осветлување на магистралата, кое го продолживме во двата правца, а постоечкото го збогативме со дополнителни светилки во боја, изјави Дехари.
Покрај осветлувањето, се работи и на хортикултурното уредување на средишниот дел на магистралата и самите кружни текови.
- Напоредно со тоа работиме и на новата коловозна лента под подвозникот која ги поврзува централното градско подрачје со населбите накај Раштански пат, информира градоначалникот на Кичево.
Тој најави уште еден инвестициски објект кој наскоро треба да се реализира во вредност од околу 800 илјади евра. Станува збор за целосна реконструкција на улицата „11 септември“. Реконструкцијата покрај менувањето на асфалтот опфаќа и подземна инфраструктурна исталација, како и средување на тротоарите, сообраќајно исцртување на вертикалната сигнализација и хуртикултурно уредување на улицата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
