-->
-->
Пуштени во продажба билетите за „Murder Ballads“
-->
Почитувани, билетите за концертот по повод Денот на вљубените - „Murder Ballads“, кој ќе се одржи на 14 февруари, ќе бидат пуштени во продажба од денеска. По цена од 800 и 1000 денари, ќе можат да се набават на билетарницата на Македонската филхармонија, секој ден од 10 до 20 часот, односно во сабота од 10 до 14 часот.
Следејќи ја традицијата и оваа година Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените подготвува несекојдневен музички настан. Овој пат насловен „Murder Ballads“, концертот ќе претстави теми од славните Леонард Коен, Ник Кејв, „Портисхед“, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра, Џони Кеш..., во аранжмани и под диригентство на Џијан Емин.
Како вокалисти ќе настапат Тања Царовска и Бранислав Николов (фронтменот на „Фолтин“).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи