Пуштена во употреба спортската сала во струшко Драслајца

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ја пушти во употреба спортската сала во склоп на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во струшкото село Драслајца, инвестиција од 23 милиони денари на Министерството за образование и наука.
Салата, заедно со дополнителните објекти е со површина од 950 метри квадратни, а почна да се гради пред помалку од шест месеци.
Се работи за реализација на капитален објект, кој според Ристовски, бил ветен пред населението во Драслајца, но и воопшто во општина Струга.
- Ова е многу значајна инвестиција бидејќи се работи за спортски објект кој има над 950 квадрати, од кои 600 се на спортскиот терен, кој ќе се употребува за потребите на учениците. Пристигната е целата опрема и сите реквизити што се потребни за реализација на часот по физичко образование учениците и наставниците ќе ги имаат на располагање, изјави Ристовски.
Покрај 232-та ученици, спортската сала, додаде тој, ќе може да ја користи и локалното население што гравитира околу Драслајца.
- Убеден сум дека салата во наредниот период ќе биде свратилиште и за месното населние и за учениците да се бават со спортски активности со што ќе влијаат и на квалитетот на сопственото здравје, истакна Ристовски.
Директорката на училиштето Јованка Спасеска нагласи дека салата ќе им користи не само на учениците, туку и на останатото население.
- Ова е голема можност да се покажат во светот на спортот. Од струшкото поднебје многу деца високо котираат во репрезентациските екипи, во таа насока одиме и ние да го шириме спортскиот дух да имаме здрави деца кои ќе спортуваат, подвлече Спасеска.
Основите за градба на спортската сала во ОУ „Свети Климент Охридски“ во Драслјаца биле поставени во 1983 година, а нејзината градба продолжи пред неколку месеци со средства од Министерството за образование и наука.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
