Пуштена во употреба градинката „8 Март“ во Пржино
Енергетски обновената градинка „8 Март“ во населбата Пржино денеска беше пуштена во употреба. Објектот, кој згрижува 140 деца, има комплетно променета фасада и надворешна столарија, а загревањето место со нафта, ќе се врши целосно еколошки, со котел кој како енергенс користи биогориво.
Општина Кисела Вода преку Секторот за локален економски развој аплицираше за проектот „Енергетска ефикасност во општинските асоцијации“, кој е финансиран од германското Министерство за економска соработка и развој и Швајцарската агенција за развој и соработка. Проектот го спроведува Германското друштво за Интернационална соработка со ЗЕЛС, преку Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност.
Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС, информира дека се работи за проект кој ги опфаќа Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.
- Имаше многу пријавени општини, но победи проектот на општина Кисела Вода. Тимот експерти кој ги оценуваше пристигнатите апликации заклучи дека ова е најдобриот проект, особено затоа што се работи за децата и што се воведува една иновативна метода за заштеда на енергија, но и за намалување на загадувањето на животната средина, рече Перишиќ.
Градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ соопшти дека за проектот се потрошени 2,3 милиони денари и додаде оти тие аплицирале со 770 илјади денари од сопствениот буџет.
- Во овој објект пред две и пол години направивме целосна реконструкција на покривот и ги променивме азбестните табли. Она што недостигаше беше промена на прозорците, на целата столарија и на фасадата, рече Беличанец-Алексиќ.
Ново на Сител
-
Различни мислења за есенската кошница: Замрзнување на цените или зголемување на производството?
-
Митева: Наместо пренос на електрична енергија, МЕПСО спонзорирал спортски клубови
-
Студентите реагираат на зголемените трошоци, тече вториот уписен рок на државните универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Заемот од Унгарија пред пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Во МЕПСО се трошело без усул
-
Оризарите обвинуваат, ориз од увоз се дакларира и продава како кочански
-
Полначи за електрични возила на југот од Македонија