-->
-->
Пуштена во пробна работа сушилница за овошје во Берово
-->
Пуштена во пробна работа новата 10-тонска сушилница за овошје во погонот на „Агромакс“ - Берово инвестиција вредна 10 милиони денари, а 50 проценти од средствата се обезбедена преку програмата ИПАРД и Агенцијата за рурален развој, со што регионот познат по производство на модра слива, ја доби и првата сушилница.
Според Габриела Арсова-Милошевска сопственичка на „Агромакс“ ова значи дека започна процесот на сушење на првата македонска брендирана сушена слива финално обработена со новата современа технологија по теркот на европските произведувачи на сушено овошје, а дневното производство нa сушилницата е 2,5 тони сушена слива.

- Ваквиот преработувачки капацитет значи една голема можност за регионот, да се создаде еден македонски бренд, да се овозможи откуп на голема количина на слива. Оваа современа технологија директно ќе донесе и свежи пари на овоштарите во регионот на Малеш и Пијанец познат по производсво на модрата слива и додавање на вредност, односно нема повеќе да извезуваме суровина како порано, да се создаде можност да се додава вредност на сливата во понатамошна преработка до краен производ, односно нема да продаваме само суровини кои ни се враќаат како готови производи, туку да се случува обратното да се богати нашиот народ, рече Арсова –Милошевска.
Капацитетот на „Агромакс“ на годишно ниви е преработка на 500 тони свежа слива.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полска рано утринава го затвори воздушниот простор на југоисточниот дел од земјата
-
Маријан Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, јас сум горда Македонка
-
Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Тетово, Претор и Куманово
-
Трамп утре ќе разговара со високи претставници на Конгресот пред крајниот рок за постигнување договор за финансирање на федералната влада
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците
-
Седум лица се повредени и повеќе згради се оштетени во руските напади врз Киев и Запорожје
-
ОН повторно воведе санкции кон Иран по неуспехот на преговорите за нуклеарната програма
-
Моќните странски гиганти ја „омекнуваат“ строгата регулатива на ЕУ