Пуштен во употреба булеварот на влезот во Кавадарци од кај Росоман
Пуштен е во употреба булеварот на влезот во Кавадарци од кај Росоман. Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов денеска беше на лице место и рече дека е ова реализирање на еден од ветените капитални проекти.
- Се работи за 450 квадратни метри со ширина од 16 метри, инвестиција вредна околу 13 милиони денари, информираше Панов.
Тој рече дека при крај е експропријацијата на останатите седумстотини метри и има само два спорни случаи за кои се чека разрешница во Основниот суд во Кавадарци. Изрази надеж дека во наредните месец два ќе биде и тоа средено.
Градоначалникот информираше дека се чека на сообраќајната дозвола за профункционирање на проектот за паркинг во градот.
- Исто така со Секторот за локален економски развој работиме на обезбедување на педесет милиони денари кои треба во наредниот период да се имплементираат за главните улици во Кавадарци, додаде Панов.
Посочи дека се работи на тендерот за улицата „Блажо Алексов" каде треба да се изгради кружен тек.
- Би ги спомнал тука секако и проектите за пешачки мост над улицата „Шишка“ и тендерот за довршување на кејот на реката Луда Мара, кој завршува деновиве. Се на се, тоа се неколку проекти кои се позабележителни. Во овој период работиме и на пристапниот пат до селото Дреново, на улици внатре во селото, на пристапниот пат до ХЕЦ „Тиквеш“ и на уште неколку други локации, како по урбаните, така и по месните заедници, појасни Панов.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога