Пушков: Демонизацијата на Русија посвирепа отколку за време на Студената војна
Политиката на демонизација на Русија од страна на Западот го надмина периодот од Студената војна, изјави шефот на Меѓународниот комитет на Државната дума, Алексеј Пушков.
- Не се работи само за Студената војна, туку и за политичката форма на западните земји кои во голема мера потсетуваат на Студената војна. Меѓутоа, процесот изгледа малку поинаку, бидејќи Студената војна означуваше конфликт на два идејно политички и економски различни системи, што моментално не е случај, истакна Пушков на форумот „Заеднички со Русија“.
Тој додаде дека кампањата за демонизација на Русија никогаш не била поголема.
- Никогаш руското раководство не било толку демонизирано, Никогаш немало конкретни и персонални санкции, како ни тоа што јас го нарекувам меѓународен макартизам, со кој се занимаваат сите антируски кругови на Запад, посочи Пушков.
Ново на Сител
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот