Пушењето и лошата исхрана ризик фактори за срцев удар

Под мотото „Избори за здраво срце, секаде“ денеска кај Школка во Градскиот парк во Скопје Институтот за јавно здравје по 15. пат го одбележа Светскиот ден на срцето - 29 Септември со бесплатни прегледи и совети за здрав живот.
Елена Ќосева од Институтот за јавно здравје порача да се избегнуваат газираните пијалоци, да се внесува повеќе свежа храна, зеленчук и овошје, да се избегнува стресот со комуникација и техники за ослободување од стрес, како и откажување од пушење.
- Главните ризик фактори за настанување на кардиоваскуларните болести се токму препораките кои денеска ги упатуваме кон граѓаните, истакна Ќосева и додаде дека според податоците и понатаму кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт како во Македонија така и во светот.
Според истражување спроведено на Институтот во кое биле опфатени ученици од 13 до 16 години, Ќосева информира дека за разлика од минатите години, намален е процентот на ученици кои почнуваат да пушат пред да наполнат 13 години, а исто така бил намален и бројот на ученици кои конзумираат алкохол.
Минатата година во Република Македонија од болести на циркулаторниот систем починале 11.270 лица, од кои 5.435 се мажи, а 5.835 се жени. Болести на циркулаторниот систем учествуваат со 57,2 проценти во вкупниот морталитет и се на прво место во структурата на причина за смрт.
Секоја година кардиоваскуларните болести се причина за 17,3 милиони случаи на прерана смрт, а до 2030 година се очекува дека 23.6 милиони луѓе ќе умрат од овие заболувања. Ова се проектирани бројки од Светската здравствена организација (СЗО), при што се очекува кардиоваскуларните болести да останат водечка причина за смрт во светот.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
