-->
-->
Пура на Черчил продадена за 12.000 долари
-->

Дополу испушената пура на некогашниот британски премиер Винстон Черчил, долга 10-ина сантиметри, што тој ја запалил на патот кон Париз во 1947 година, беше продадена за нешто повеќе од 12.000 долари на интернет аукција.
„Артефактот“ го купил колекционер од Палм Бич на Флорида, соопшти аукциската куќа „РР Аукшн“ од Бостон.

Куќата наведува дека Черчил ја пушел токму таа пура на 11 мај 1947 година, кога слетал на тогаш главниот париски аеродром Бурже. Пурата ја зачувал британскиот пилот Вилијам Алан Тарнер.
Заедно со цигарата, продадена е и фотографија на Черчил со пура на аеродромот, на која се наоѓа и неговиот потпис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
