-->
-->
Пукотници кај Градска: Две лица на мотор пукале во БМВ
-->
Доцна синоќа, во 23.35 часот, на автобуската постојка кај хируршката болница „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, две непознати лица на моторцикл во движење испукале неколку рафали кон патничко возило БМВ, со кое управувал 18-годишниот С.К. од Велес, потврдуваат од МВР за „Република“.
Лицата веднаш се оддалечиле од местото на настанот, а во инцидентот, за среќа, нема повредени.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, пронајдени се чаури, а по сторителите се трага.
МВР најави повеќе детали во текот на денот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра, покачувањето ќе им ги затвори бизнисите
-

Нова индустриска зона на влезот од Штип
-

Поради честите осцилации на Охридското Езеро рибите ни бегаат во Албанија, велат екологистите
-

Преглед на вестите од светот

