Македонија
4. March 2022 - 16:56

Пукано кон стан во Аеродром

Скопјанец утринава пријавил дека непознат сторител пукал кон неговиот стан.

- На 04.03.2022 во 08.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека од засега непознат сторител во текот на ноќта било пукано кон станот на А.Р.(30) во населба Аеродром во Скопје, при што бил оштетен прозорецот и ѕид, а повредени лица нема, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.