Пукање во Велес
27-годишниот В.Ј и 24-годишниот К.Г од Велес си заработија кривична за разбојништво. Насилниците пред три дена во периодот од 23 часот па се до 4 часот по полноќ, кај кружниот тек кај железничка станица забележале две малолетни лица од кои едното на рамото носело кожна ташна. Едниот од насилниците го запрел возилото со кое се движеле, а другиот ја отворил совозачката врата и трчајќи кон двете деца им се обратил на англиски јазик мислејќи дека се мигранти од Сирија. Откако ја фатил ташната со раце и насила се обидел да ја одземе малолетните лица му се обратиле на македонски јазик по што истиот ја пуштил ташната и се вратил во возилото. Веднаш со голема брзина го напуштиле местото на настанот. Подоцна околу 03 часо и 30 минути пријавените го паркирале возилото на улица од јужната страна од Градскиот Парк, пристигнале во паркот каде спиеле 40 сириски мигранти. Откако првопријавениот кај еден од нив забележал дека под главата има светло-сина торбичка, со намера да му ја одземе ја фатил со раце но бидејќи била обвиткана со рачките преку рамо на дрзок начин ја извлекол и почнал да бега во правец на паркираното возило во кое го чекал второпријавениот. Додека бегал ограбените видно вознемирени трчале по него по што во еден момент првопријавениот во воздух од гасен пиштол испукал еден куршум и продолжил со трчање на кај возилото оддалечувајќи се од местото на настанот. Идентификувани се сторителите за кои постои основи на сомнение дека се сторители на кривичните дела, а првопријавениот во моментот е во бегство и се превземаат мерки за негово пронаоѓање додека второпријавениот е пронајден и со истиот е извршен разговор.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции
-
Прилеп утре повторно ќе добие јавен градски превоз по пауза од 3 дена поради штрајк на вработените во ЈП за ПУП
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите