Пукање во Тетово, граѓаните вознемирени
Пукање во Тетово, домаќинот правел свадба па ги вознемирил граѓаните. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 17,00 часот во Центарот за известување и команда Тетово било пријавено дека во селото Дебреше, за време на одржување на семејна веселба, во куќата на лицето А.Б. (54), дошло до нарушување на јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот во куќата на А.Б. и дознале дека нарушувањето било извршено од страна на лицето Н.А. (53) од село Сенокос. Тој испукал неколку куршуми со гасен-сигнален пиштол „Екол Арас“калибар 9мм. На местото не биле пронајдени чаури, а Н.А. бил приведено за понатамошна постапка.
Гасниот пиштол му бил одземен со потврда.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
-
Приведени рибокрадци во Охрид
-
ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
-
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари
-
Пораснаа доларот и биткоинот
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад