Македонија
25. August 2023 - 17:38

Пукање во Ист Гејт Мол - Целта бил Раде Трајковски Штекли

Попладнево во гаражата на трговскиот центар “Ист Гејт “ е пукано во Раде Трајковски Штекли . Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а според првичните информации Трајковски Штекли не е повреден.

Од МВР потврдија дека вооружен инцидент се случил во трговскиот центар и се истражува без да посочи други детали.

Раде Трајковски-Штекли,  неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија.